Брендовите на автомобили на кои најмногу им паѓа вредноста во текот на годината се?
Брендовите на автомобили на кои најмногу им паѓа вредноста во текот на годината се “Chrysler”, “Audi” и “Seat”.
Истражувањата спроведени во САД, Европа и Австралија покажале дека на премиум брендовите на автомобилите најбрзо им паѓа вредноста. “Porsche”, “Jeep” и “Mini” се брендови на кои најмалку има паѓа вредноста. Тие ја задржуваат најголемата вредност кога најниската пазарна вредност на автомобилот се одзема од почетната цена.
Така, на пример, како што се објаснува, “Porsche” ќе изгуби “само” 64,4 проценти од својата вредност во текот на годината, додека “Lexus” ќе изгуби 89,9 проценти од вредноста.
„Иако “Porsche” произведува спортски автомобили, неговите модели се доволно практични за секојдневно возење. 911 е веројатно еден од најлегендарните автомобили во автомобилската историја. Не е ни чудо што побарувачката е повисока од понудата. Автомобилите на “Porsche” се доверливи, издржливи и имаат препознатлив изглед кој ги привлекува купувачите“, објаснува Матас Бузелис од компанијата “carVertical”.
Меѓу возилата со висока преостаната вредност, се појавуваат и брендови како што “Hyundai” и “Toyota”. Тие возила се попристапни и обично имаат ниски трошоци за одржување, што ја зголемува нивната посакуваност меѓу купувачите на половините автомобили.
Брендовите на автомобили на кои најмногу им паѓа вредноста во текот на годината “Chrysler”, “Audi” и “Seat”. На пример, максималниот пад на вредноста на нов “Chrysler” на крајот ќе биде 96,8 проценти (во просек за 25 години), што го прави бренд кој губи поголем дел од својата вредност на пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Алколок“ системот станува задолжителен во ЕУ: На…
Од 7 јули, Европската Унија воведува ригорозно…
(Видео) Драма во Загреб: Скокал по автомобили…
Несекојдневен инцидент се случил денеска околу пладне…
Општина Чаир ќе ги отстранува хаварисаните автомобили…
Започна акција за евидентирање и отстранување на…
Во јануари 101 санкција за непрописно вградени…
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…