Бренд концепти (2.) Мустанг

t

Нема личност која, барем малку држи до автомобилските светски имиња, да не останала без здив кога ќе се спомене Mustang. Тоа е концепт автомобил со спротски дух, моќен стил и практичен за функционирање. Да имаш Мустанг е љубов… Да управуваш Мустанг е опсесија што преминува во зависност. Иако е автомобил, тој е Мустанг. Супериорен и моќен. Роден во корпоративната истражувачка лабораторија и дизајнерското одделение на Форд. Конструктор и ‘’татко’’ на Форд Мустанг е Дон Фреи. Инженер кој, со голема љубов, во Мустангот вградил многу имагинација и уште повеќе инвентивност.

Иновативен дизајн и остар, на моменти агресивен карактер. Изгледот и стилот спортски. Фраер со имиџ. Бренд што поседува енергични перформанси. Мустангот е автомобил кој од секогаш ги привлекувал младите љубители на автомобилските чуда. Несомнено еден од моделите кој има одиграно безброј главни и споредни улоги и во најблескавите филмски остварувања, дел од најголемите музички хитови, се разбира и спотови, една од иконите пред која се “поклонуваат” половина век Американците, а во поново време можеби меѓу најприсутните на социјалните мрежи.
Ова не е само обичен спортски автомобил. Симбол на слободата, независноста, спонтаноста… со коњче на маската на моторот кое галопира на левата страна. Повеќе од 11 милиони продадени Мустанзи во светот. Најповеќе во САД. Но американскиот сон во Ford посакуваат да стане и европски, па по 50 години создавање, еден од најлегендарните автомобили во историјата, доби “манири” за оние преку Океанот, односно најновата генерација пристигнува со изведба наменета за клиентите на Стариот континент. Прославата на петте децении на своето постоење, лансирањето на новата генерација, прв пат надвор од американска почва (официјално) предизвикаа многу реакции во јавноста.
Треба да се одбележи дека досега се произведени пет генерации од овој убавец:

Прва генерација (1964-1973): Ford Mustang беше за прв пат лансиран во 1964 година. Првата генерација се произведуваше девет години и во тој период моделот постојано се надградуваше. Првиот во однос на последниот модел од првата генерација е 510 килограми полесен и 20 сантиметри пократок. Инаку, Mustang бил надграден врз тогашната платформа на моделот Falcon и беше дел од компактната класа се до 1971 година кога се најде во класата на популарните американски muscle car. Mustang ce произведуваше како fastback, kabriolet и hardtop. Основните модели имаа реден шест-цилиндерски мотор со зафатнина од 2,8 литри (105 КЅ) во спрега со менувач со три степени на пренос. Во 1965 пристигна 4.3 V8 со 164 КЅ кој подоцна е заменет со 4.7 V8 со 200 КЅ. До 1973 се лансирани 3.3 литарски мотори со шест цилиндри и моќ од 120 КЅ и 4.7 V8 со 210, 225и275КЅ.

Втора генерација (1974-1978): Состојбата во светот во 1973 била неповолна, бидејќи и Ford не можел да се справи лесно со енергетската криза, но сепак е лансирана нова генерација на Mustang. Новината била 200 kg полесна и се одликувала со беспрекорен дизајн за што му биле доделени многу награди и признанија. Поради ова новиот Mustang и веќе во првата година е продаден во 386.000 единици. До крајот на производството на серијата, до 1978 оваа бројка ја надмина границата од еден милион возила.

Трета генерација (1979-1993): Третото поколение е најдолго во производство, дури 14 години, на Фордовата Fox платформа, која ја користеа голем број други модели, како Fairmont и Zephyra. Вистинска револуција за моделот е во 1987 година кога доживува обновување, кое во целост го промени моделот, како да станува збор за сосема нова генерација. Менувачите кои беа користење за моделот беа автоматски со три и четири степени и мануелни со четири и пет брзини, а моторите беа од 2.3 R4 со 88 КЅ до најмоќниот 4.9 V8 со 200 КЅ.

Четврта генерација (1994-2004): Оваа генерација со кодно име SN-95 е надградена на сосем нова Fox платформа за која Ford инвестираше 700 милиони долари. Главната цел беше подобра управливост и удобност на автомобилот. Основниот модел беше со 3.8 литарски V6 мотор со 145 КЅ во спрега со мануелен менувач со пет брзини, а постоеше и опција на автоматски со четири степени на пренос. Сите модели имаа диск сопирачки на тркалата, воздушни перници и АВЅ како опција

Петта генерација (2005-2014): Петта та генерација се произведува исто така девет години. Како и кај претходните поколенија направени се во текот на нејзиното производство многу надоградби, a ce произведуваше во фабриката во Мичиген. Овој Mustang е надграден на Ford D2C платформата, која е исклучиво создадена само за него. Оваа генерација има многу варијанти: Mustang GT/California Special, Shelby Mustang, Bullitt Mustang, Boss 302 Must

И сега што да се каже за новото ‘’чедо’’ на Мустанг. Во склад на она што го чинеше и досега, и на оваа специфична изведба умесно и стојат епитетите: набилдана, спортска, слободна… дојде “тивко влезе во историјата” и на овие простори, па ја крена Европа на нозе. Инаку, познавачите и почитувачите на Mustang на новиот модел ќе препознаат линии кои се проткајуваат во текот на историјата кај сите генерации на иконата, посебно кога станува збор за спуштениот покрив, долгата хауба или пак онаа линија над задните тркала. Mustang e одличен микс на традиционалното со современото. Токму продолжениот капак на моторот и краткиот заден пресечен дел се потврда дека ова е типичен американски muscle car, кој дизајнерите и овој пат го скроиле да мами воздишки, a сопственикот го “јача” неговото его.

Во понуда се веднаш две каросериски верзии, со кои и ние имавме “блиски средби”, fastback и класичен кабриолет со ознака convertible со добриот стар платнен покрив. Експертите сметаа дека на аурата на Mustang тврд покрив на склопување не и одговара. Кога сме кај дизајнерските екстремности тогаш честитки за задниот дел кој е со поблаги линии во однос на преходниците, но изгледа “мускулесто”, робусно и агресивно, се разбира во склад со филозофијата која ја диктира машината. Внатре кокпитот е потполно нов, а сепак препознатлив, повторно констатцијата од екстериерот, креиран да посетува во детали на моделите создадени низ историјата. Инструментите големи и прегледни, копчињата и прекинувачите логично распоредени, со детали од некој авионски кокпит, поточно ергономијата е на највисоко рамниште, иако сепак станува збор за спортска внатрешност. Новото независно потпирање позади ослободи простор да дополнителен багаж и место за седиштата, кои веќе не се “за украс”, туку сега можете да ги префрлите другарите од едно кафуле до друго. Ова се елементи кои чинат мерак за душа, но адреналинот поскокнува кога ке го стартувате агрегатот. За да ја управувате машината треба да се направи оној посакуван спој меѓу вас и автомобилот карактеристичен за ваквите изведби. Кога тоа е OK, Mustang ce управува со душа, а звукот само го надополнува филингот, a ce’ кулминира кога ќе почнете да ги “сечете” свиоците или пак нагазите здраво на автопат и ги надминувате “забранетите бариери”. Освен потпирањето за оваа цел, за европските купувачи, доработени се сопирачките и управувачот. Тоа се сопственици, ентузијасти и мечтатели кои сакаа автомобилот да им е Мустанг.

Мустанг – див во срцето. Безгранична слобода. Авантура до последен здив. Мустанг во мојата крв. Автомобил со извонредни перформанси. Прв и последен. Поинаков од другите. Feel the difference.

Сотир Костов

П.С.

И да се знае. Ако некогаш добијам седумка на лото, Мустангот е мој. Кој не сонувал, никогаш и не добил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…