Брера им излезе во пресрет на Комитите: Ќе биде поставена монтажна трибина на стадионот во Струмица
Во недела, стартува новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ. Во рамките на 1.коло, црвено-црните ќе гостуваат на Брера Струмица. На својата официјална страница, навивачката група Комити излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
Го известуваме членството дека управата на ФК Брера во консултација со нашата управа, а поради малиот капацитет на спортскиот комплекс “Горан Пандев”, одлучи пред натпреварот во недела, да биде монтирана посебна трибина наменета за Вардаровите навивачи.
Трибината е наменета за бројка од 100 луѓе, но покрај самата трибина ќе биде обезбеден и дополнителен простор за групата и за симпатизерите на клубот.
Долго го чекавме овој момент, затоа и покрај околностите – СИТЕ ВО СТРУМИЦА!
Важна напомена: Поради околностите, за ова гостување нема да има организиран превоз.
Не е важно со што ќе дојдеш, туку зошто!
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕ!
ФК Брера – ФК Вардар (06.08.2023)
Стадион: Спортски комплекс “Горан Пандев” – Струмица
Почеток: 17:00ч
Од сите страни на стадионот, нека грми песната комитска!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…