Брза мода – потрага по факторот “cool”

t

Модата како бренд(3.)

Брза мода-потрага по факторот “cool“

Терминот “брза мода“ безмалку е задолжителен кога станува збор за производство и купување на модни артикли. Станува збор за  облека, обувки, парфеми и средства за нега на лицето, косата и телото. Модните куќи мораат брзо да реагираат на промените на пазарот во контекст на потребите на желбите на клиентите и нивното задоволување. Воочувањето на рендови е еден од најголемите предизвици за постојните брендови во светот на модата. Станува збор за задоволвуање, а некои велат дури и за предвидување на желбите и потребите на клиентите. Модерно тоа се нарекува потрага за фкторот “cool“. Тоа е невидливиот, неопипливиот, но извонредно вреден квалитет на кој се „лепат“ врвните ѕвезди од светто на филмот, музикаа, бизнисот, уметноста, културата, а во поново време и политиката. Бренд мајсторите знаат дека доколку „cool“ личностите почнат да зборуваат, да јадат, да купуваат и да се облекуваат на определен начин, тогаш и оние кои не се cool многу брзо ќе се однесуваат на истиот тој начин. Креативните бренд менаџери го создаваат дизајнот и го насочуваат производството на нај јаките светски брендови во областа на модата. Такви има повеќе, а најуспешни од нив се Манго, Некст, Аркадија, Зара, Хенс и Морис и Бенетон.Mango. Бренд од Шпанија, поседува околу 770 продавници распоредени во 70 земји. Овој моден бренд е спцијализиран на женската популација. Основен таргет му се младите жени од средниот општествен слој. Има голем успех кај младаа популација, па така Европа веќе е поплавена со брендот Манго

Next.Бренд од Велика Британија. Поседува околу 380 продавници во Велика Британија и Ирска и некои  европски земји. Продава женска и машка облека и куќни артикли. Компанија специјализирана за каталошка продажба. Нејзин основен таргет е богатиот дел од масовниот пазар за кого произведува модерна облека по не многу висока цена.

Arcadia.  Бренд од Велика Британија кој поседува 2000 продавници. Таргетира различен тип на купувачи, а своите артикли ги пласира и преку брендовите Burton, Dorothy Perkins, Evens, Wallis, Тop Shop, Тop man, Miss Selfridge, и Outfit.

Зара, Бенетон и Ханс & Морисон ќе ги претставам малку поконкретно поради нивната посебност, вниманието што го предизвикаа и успехот што го постигнаа.

Зара (Zara)

Овој бренд води потекло од Шпанија. Корените на моментално најголемата модна империја во светот се посадени со отварањето на првата модна работилницаЗара во Ла Коруња од страна на Амансио Ортега во 1975 година. Денес Зара е во рамките на Индитекс групата со седиште во истиот град. Брзите реакции на барањата на купувачите и модните промени се вистинската причина за светскиот успех на овој бренд. Менаџерите на овој бренд велат дека во нивното работење се инспирирани од принципот на Тојота „точно-на-време“ и постојана грижа за квалитетот на  производството и барањата на клиентите. Поседува ланец на продавници чиј број е околу 1600 распоредени во 74 земји во светот. Како  составен дел од групацијата Индитекс чија вредност е околу 14 милијарди евра, Зара е нејзин носечки сегмент. Има  репутација на моден бренд кој продава модерни артикли со приступачни цени. Младите во последно време се повеќе ги прифаќаат и носат модните парчиња на брендот Зара.

Ханс и Морис (Hennes&Mouritz)

Бренд со потекло од Шведска. Создаден е од  страна на Ерлинг Персон во 1947 година со седиште во Вастерас и во почетокот продавал само женска облека. Експанзијата на Ханс и Морис отпочнува во 1968 година, најпрвин во Европа, а потоа во САД, Канада, Азија, Русија, Кина и Израел. Брендот е пркисутен во околу 20 земји и има 1100 продавници. Продава облека за жени и мажи. Основно мото на брендот „Мода и квалитет по најповолна цена“, всушност е неговата мисија. Во овој слоган се содржани трите основни вредности/принципи на брендот Н и М. Тоа се артикли со современ дизајн и модерни, кои поседуваат квалитет и се продаваат по  поволни цени. Инаку целите на  брендот се интензивирање на продажбата во постоечките продажни објекти и  зголемување на новоотворените продавници до 10% на ниво на година. Од овие причини брендот е се поприфатен и во голема експанзија. Рапидниот развој и глобалниот раст на брендот се случи во првите години од новиот милениум кога пристигнаа првите резултати од соработката со славните дизајнерски имиња. Стела Макартни, Роберто кавали, зими Чу, Карл Легерфелд, Виктор и Ролф. Не е за потценување и придонесот на званичните презентери на кампањите на овој бренд  олицетворени во Мадона и Кајли Миног. Наведените модни креатори креираа специјални модни линии и колекции, како дел од  новата стратегија на Хенс и Морис, со што дадоа специфичен шмек и карактер на модните артикли со заштитен знак Х&М. Тие станаа препознатливи како  блиски до обичниот човек и за него достапни поради не скапите цени. За 2009 година вредноста на брендот е проценета на 15 милијарди долари и според Интербренд брендот е рангиран на 21 место на листата на светски највредни брендови, со што е  највисоко котиран продажен синџир на листата.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Модата како бренд: Најпознати бренд имиња во…

Модата како бренд(4.) Најпознати бренд имиња во…

Модата како бренд: Модата денес

Модата како бренд(2.) Модата денес Во контекст…

Сотир Костов: Што е тоа мода?!

Дали е тоа нешто што е шик,…

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…