Сотир Костов: Што е тоа мода?!

t

Дали е тоа нешто што е шик, cool и фенси, или пак тоа е стил, гламур, елеганција и добар севкупен look?Не е лесно да се објасни и дефинира модата.

Големата модна икона Коко Шанел за модата вели дека не е нешто што постои само во стајлингот. Според неа модата е во небото, на улиците, поврзана е со идеи, начинот на живот и случувањата. Коко Шанел за жената вели дека таа секогаш треба да биде отмена и заносна. Отменоста подразбира да изградите свој сопствен стил кој ќе зрачи од вас, од секое ваше движење и од насмевката што ја имате. Со ставата треба да се испраќа порака дека сте префинета, умерена и задоволна дама.. Доколку имате фустан со минималистички детали и крој кој лежарно ја прати линијата на  вашето тело, не нагласувајќи ниту еден дел посебно, тогаш вашатанадворешност е  израз на внатрешниот дух што гопоседувате и што ве прави заносна.

Познатиот моден креатор Ив Сан Лоран пак му дава предност на стилот, за кој вели дека е траен, додека модата е непостојана и бледнее. Тоа го потврдува и Ричард Хофстатдер кога констатира дека вчерашната експериментална авангарда е денешен шик, а утрешно клише. Модните креатори на модните брендови се тие кои ја создаваат модата, елегантните и убави манекенки преку модните писти ја презентираат, а ѕвездите од музичката естрада, филмската уметнист, врвните спортисти и светскиот џет-сет ја воспоставуваат и одржуваат.

Денес има повеќе модни брендови од било кога. Тие имаат бројни стоковни куќи, трговски центри и модни бутици. Модните  институции ги покренуваат индустриите ширум светот. На телевизијата и во пишуваните медиуми многу место се посветува на гламурот и високата мода. Додека модатапостојано се редефинира, таа сепак успева да  го фати моментот и да го одрази времето. Овие визуелни импресии  модата ги преточува во сеќавање на денот, месецот и годината. Тоа е жив доказ дека сите ние на  дел од секундата сме ги држеле очите ширум отворени.

Како и да е, без разлика дали се работи за ограничена колекција или облека купена на “тајна“  распродажба, рачно изработена или произведенана големо, облеката што ќе ја избереме е одраз на нашата лична етика и изборот што сме го направиле. Брендирањето и дистрибуцијата се шират на глобално ниво. Производството се менува со голема брзина, кредибилитетот и вистинската вредност денес се главнипрашања со  кои се бават модните агенти и дизајнерите, а конзументите на модата се подобро информирани од минатото. Од тие причини сите ние како конзументи имаме важна улога. Затоа ќе се обидам барем малку да се приближам на поимот “мода“.

Вообичаено во речениците модата е дефинирана како нешто што одговара на вкусот на една средина или на едно време. Се однесува на облекување, однесување, стил и начин на живот. Нешто што во даден момент или период е вообичаено, навика, шик или кул. Убаво, првилечно, допадливо. Модата можеби најдобро се објаснува преку стилот, елеганцијата и изгледот на луѓе, предмети и објекти. Тука некаде е и убавината. Познатиот лорд Честерфилд ја има изречено мислата дека “Кога човек е во модата, се што прави е во ред“.Можеби оттука доаѓа широкиот терен на кој се простира модата и уште поширокиот дијапазон на одредници за најразлични дефиниции за тоа  што е мода. Од таму доаѓа гламурот, естравагардноста и авангардноста, но и  ексцентричноста и кичот. Сепак мислам дека како содржина и форма модата најдобро ќе ја разбереме преку поимите “линија“, “пропорција“, “боја“, “текстура“ и “акцент“. Тоа е “големата петорка“, основа на секоја убавина и извор на било која мода.

Линија. Линијата се однесува на севкупната силуета на телото, но и на секој посебен дел што се однесува на телото. Се однесува на фризурата, накитот, веѓите, усните… Доколку сакате височина, елеганција, виткост линијата не треба да ја кратите.

Пропорција. Станува збор за размерот, балансот и симетријата на нештата.Без оглед на тоа на што се однесува (фризура во однос на лице, колкови во однос на рамена и половина, очи во однос на усните, или пак висина во однос на ширина на предмети и објекти) најдобро е пропорцијата да е урамнотежена.Тоа е посакуван погодок и  загарантиран успех.

Боја.  Окото секогаш е покренувано од боите. Ние секогаш емотивно реагираме на боите. Секој има своја омилена боја: плава, црвена, жолта, бела или црна. Луѓето и објектите изгледаат најдоборо во топли или ладни бои. Секој треба да знае кој е  најдобриот избор на бои и која од нив е најдобар изглед за облека, коса, шминка, автомобил, зграда, опаковка.

Текстура.Текстурата е поим за мазно, рапаво, испакнато или ублажено. Со текстурата се креира баланс и пропорција. За таа цел таа или се зајакнува, за да постигнете пополнетост, или се смирува, за да добиете истенченост. Текстурите се најдобри кога ги подзаскриваат маните, а нагласуваат предностите. Имаат способност да го привлекуваат или одвлекуваат окото и вниманието.

Акцент. Акцентите се детали или елементи кои го нагласуваат секој аутфит. Тоа  најчесто се панделки, накит, најразлични украси, камчиња, копчиња, марами, очила, капи или ткаенини. Акцентите се тие кои ги поврзуваат претходните елементи во еден фокус. Тие најчесто се употребуваат дапривлечат внимание, но не ретко и да го  оттргнат. Додаваат возбуда и интерес, креираат расположение, пријатничувства и став.

Еве неколку практични примери за “петорката“ што значи мода и создава убавина. Ќе  се  изненадите но за Џорџо Армани  белата памучна маица отсекгоаш била алфа и  омега на модниот алфабет. Може да се носи во секоја прилика и се вклопува на најразлични начини. Со фармерки и  ниски чевли изгледа спортски. Доколку ниските чевли ги замените со штикли, со нив изгледа сексипилно. И во едниот и во другиот случај никогаш не можете да промашите. Таа е како малиот црн фустан и белото машко одело, незаменлива.

За Карл Легерфелд  се се врти околу женственоста. Кога жената ќе дозволи нејзината сензуалност и префинетост да дојдат до израз, тогаш таа е нежна, женствена и романтична. Кога ќе се одберат светли тонови и пастелни принтови на фустан, туника или сукња од свила или провидни материјали, тогаш интересот и вниманието се фокусирани на нешто што всушност значи мода.

Ралф Лаурен тврди дека за предизвиквуање возбуда со модерен изглед потребен е грижливо избран соодветен аксесоар. Притоа мисли на големи обетки, алки, нараквици, огрлици, брошеви.За гламурозен  изглед потребни се екстравагандни златни детали, додека за  едноставен елегантен look сребрениот накит е вистински избор.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Модата како бренд: Најпознати бренд имиња во…

Модата како бренд(4.) Најпознати бренд имиња во…

Модата како бренд: Модата денес

Модата како бренд(2.) Модата денес Во контекст…

Сотир Костов: Што е тоа мода?!

Дали е тоа нешто што е шик,…

Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…

БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…

Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…

УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…