Брзо возење и во населено место – вчера полицијата казни над 270 возачи

t

Во текот на вчерашниот ден (10.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потсетуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вајц: И во Австрија има големи случаи…

Сите земји-членки на ЕУ се борат со…

Утре без струја и вода во повеќе…

Поради планирани технички зафати, утре, 25 септември,…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Цените на нафтата скокна на 106 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…

Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…

Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…