Брзо ќе си легнат на брашното? Инциденти ќе има се додека Србија не го признае Косово, вели германски пратеник
Пратеникот на владејачката Социјалдемократска партија на Германија, Адис Ахметовиќ вели дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово е добар знак, но дека тоа не значи дека конфликтот е завршен, пренесува Репортерс.
Ахметовиќ гостувајќи во „РББ 24 Инфорадио“ истакна дека конфликтот меѓу Србија и Косово сепак нема да заврши.
„Се додека Владата на Србија не ја признае независноста на Косово, ќе има конфликти“, рече Ахметовиќ.
Тој објасни дека сега треба да почекаме и да видиме што ќе биде понатаму, но изрази и страв дека конфликтот може дополнително да ескалира.
„Ако ние како ЕУ се обидеме дополнително да го демократизираме Косово и да го зајакнеме неговиот територијален интегритет и суверенитет, Владата на Србија, од друга страна, ќе се обиде да ја ескалира ситуацијата“, рече тој.
Што се однесува до улогата на Русија, Ахметовиќ претпоставува дека таа се обидува да ја дестабилизира ЕУ.
„Владата на Србија е продолжена рака на Русија на Западен Балкан. Како ќе се дестабилизира ЕУ? Со поттикнување на проблемите во Косово“, нагласи Ахметовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…