Објавено на:

БРИКС бара итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје во Газа

t

Лидерите на земјите-членки на БРИКС денеска повикаа на „итно“ хуманитарно примирје во Газа за време на онлајн Самитот, чија цел е да се подготви заеднички одговор на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Повикавме на итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што ќе доведе до прекин на непријателствата“, се вели во соопштението на групата големи економии во развој.

Рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и другите лидери на земјите-членки на БРИКС денеска учествуваат на онлајн состанокот за војната меѓу Израел и Хамас, на кој учествува и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Лидерите на членките на БРИКС, Бразил, Индија и Јужноафриканската Република (ЈАР), како и лидерите на Саудиска Арабија, Аргентина, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, кои се очекува да бидат примени во блокот во јануари, исто така учествуваат на состанокот, соопшти кабинетот на јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса.

Рамафоса претседава со „вонредниот состанок“ бидејќи ЈАР во моментов е ротирачки претседавач со БРИКС, додаде неговиот кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Тајланд ќе го рекриминализира канабисот

Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…