Објавено на:

БРИКС стануваат нов нафтен гигант

t

ГРУПА земји од БРИКС е на пат да го промени балансот на силите на глобалниот енергетски пазар, пишува весникот „Инфотек“ повикувајќи се на пресметки врз основа на податоците на ОПЕК за извозот и производството на нафта за 2022 година.

Врз основа на овие пресметки, се заклучува дека земјите од БРИКС ќе контролираат речиси половина од светското производство и резерви на нафта по пристапувањето на новите членки.

Потсетуваме дека на самитот оваа недела во Јоханесбург групата објави дека Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати официјално ќе им се приклучат на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка во БРИКС на 1 јануари 2024 година.

Од споменатите нови членки, Саудиска Арабија, ОАЕ и Иран се најважни за застапеноста на БРИКС на светскиот пазар на нафта, се истакнува.

Заедно со Русија и Бразил, овие земји заедно контролираат 39 отсто од вкупниот извоз на нафта во светот или 17,1 милиони барели дневно. Податоците покажуваат дека 11-те земји од проширениот БРИКС ќе учествуваат со околу 47,6 отсто од вкупното светско производство на нафта.

БРИКС ќе контролира и речиси половина од вкупните резерви на нафта во светот, односно 719,5 милијарди од вкупно 1,6 трилиони барели.

Ако Венецуела, која исто така аплицираше за членство, биде примена, контролата на групата ќе биде уште поголема – околу 65,4 отсто.

За споредба, групата водечки економии од Г7 (САД, Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Франција и Јапонија) контролира само 3,9 отсто од постојните резерви на сурова нафта.

Аналитичарите посочуваат дека проширувањето на БРИКС кон земјите од Персискиот залив веројатно ќе доведе до губење на влијанието на САД на светскиот пазар на нафта.

– Пристапувањето на Саудиска Арабија и ОАЕ е исклучително значајно. Соединетите Држави се потпираа на монархиите во Заливот, особено на Саудиска Арабија, за да ја контролираат цената на нафтата. Со нивното пристапување во БРИКС, се чини дека Америка загуби секаква контрола врз цената на нафтата во догледна иднина, вели ирскиот економист Филип Пилкингтон во напис за британскиот портал „Анхерд“.

Тој смета дека резултатите од овонеделниот самит на БРИКС го симболизираат и крајот на економската изолација на Иран.

– Со оглед на тоа што земјата е осми по големина производител на нафта во светот и има трета по големина резерви, ова е значаен економски и геополитички настан, рече Пилкингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите на Брикс со повисок економски раст…

Земјите од БРИКС се сметаат за петте…

Шри Ланка планира да се приклучи на…

Шри Ланка планира наскоро да се приклучи…

Португалска компанија пронајде 10 милијарди барели нафта…

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…