БРИЛИЈАНТЕН статус на Цуцуловски: Во уставот да се внесе сè живо и мртво, па и диво и сите Марсовци за да се докаже дека Македонците се разликуваат од нив!

t

Професорот Љубомир Цуцуловски повторно објави брилијантен статус на Фејсбук во кој го коментира внесувањето на Бугарите во Македонскиот Устав.

За тоа колкав е апсурдот на идејата дека со внесување на Бугарите во Уставот за да се разликуваат двата народи (бугарскиот и македонскиот), Цуцуловски зборува преку пример, односно предлага да се запишат сите живи и мртви, за да се разликуваат едни од други.

– МАРСОВЦИ И МАКЕДОНЦИ. Некои умно-умни глави упорно ја форсираат тезата дека ако Бугарите се вметнеле во Уставот ќе се обезбедела јасна дистинкција меѓу Македонците и Бугарите. Односно, тоа би значело дека се различни народи/нации. Инаку, зошто би се спомнувале? Следејќи ја оваа логика, дојдов до следниот „предлог/решение.“ Во Уставот да се набројат (без исклучок!) сите живи и мртви нешта за да можат Македонците да се разликуваат од сите живи и мртви нешта. Од друга страна, можеби во космосот постојат и Марсовци. Затоа, и тие да се опфатат, бидејќи Марсовците би можеле да имаат свои аспирации кон Македонците, како кон неосвестени Марсовци, несвесни за своето марсовско потекло, историја, традиција, јазик. Значи, сè живо и мртво (може и диво!) да се вметне во Уставот, како неопходен услов за влез во ЕУ. Потоа, што биде, нека биде. Само така, почитувани, се гради држава. – напиша Цуцуловски на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на професорот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…