Брисел: Полицијата пресретна тешко вооружена група
Во белгиското пристаниште Антверпен полицијата пресретнала комбе во кое имало седум тешко вооружени мажи.
Сомненијата се дека сакале да врата неколку тони кокаин кои полицијата претходно ги запленила во пристаништето, објави денеска „Либр“.
Според извештаите, полицијата во Антверпен извршила операција со висок ризик и пресретнала комбе со седум тешко вооружени мажи во вторникот вечерта.
Истрагата ќе треба да утврди што планирала групата и можните врски со големата заплена на кокаин што се случи претходно во текот на денот во пристаништето Антверпен.
Во вторникот во тоа пристаниште биле запленети неколку тони кокаин, а дрогата била скриена во пратка со соино брашно.
Обвинителите веруваат дека вооружените лица сакале да се обидат да го вратат одземениот товар, пишува белгискиот весник „Либр“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си би можел да организира средба меѓу…
Доколку американскиот претседател дојде во Пекинг за…
Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства…
Ребалансот на буџетот за 2025 година, иако…
НАТО: Украина не може без помош од…
Украина нема да може да се справи…
Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…
Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…
Пет активни пожари низ Македонија
Центарот за управување со кризи информира дека…