Британија е ангажирана за решавање на проблемите на Западен Балкан

t

Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и за промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во стабилен и просперитетен регион и дека во таа насока отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија е клучно за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања како што се дијалогот Белград – Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Истовремено, рече на средбата премиерот Ковачевски, средбите со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич се поттик и за унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Ковачевски, во негово име и во име на Владата и народот, изрази задоволство што Северна Македонија беше првата земја од Европа што го одржа првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство, со цел да се обезбеди непречен и континуиран развој на блиската соработка меѓу двете земји, особено во деловната соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…