Објавено на:

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно партнерство“

t

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој престојува во Киев, почна преговори со украинските власти за „стогодишно партнерство“ меѓу земјите, соопшти британската амбасада во Украина.

„Британскиот министер за надворешни работи ги почна преговорите со Украина за Стогодишно партнерство – сосема нов договор што ќе изгради силни врски меѓу нашите две земји низ целиот опсег на односи: од трговија, безбедност и одбрана, до наука и технологија, образование, култура, и многу повеќе“, се наведува во соопштението.

Камерон, кој вчера пристигна во Киев, денеска се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, со кого разговараше за забрзување на испораката на оружје за Киев, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.

– Одлично е да се има Дејвид Камерон во Киев за да се фокусира на забрзување на воената помош за Украина, особено во областа на воздушната одбрана, напиша Кулеба на X.

Министрите разговараа и за чекорите за „обезбедување на можноста за користење замрзнати руски средства во интерес на Украина“.

Шефот на британската дипломатија претходно го посети Лавов, каде засади дрво.

– Сега министерот има свое дрво во Лавов, што значи добра причина повеќе пати да се врати во Украина со добри вести, напиша градоначалникот на градот Андреј Садовои на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…