Британија очекува земјотрес: Резервниот наследник утре ја објавува својата книга – Најавува бројни скандали за кралското семејство
Принцот Хари најави „неверојатни откритија“ во неговата книга „Резерва“ („Spare“), која официјално ќе биде објавена утре, пишува „Гардијан“.
Откако, по грешка, книгата беше објавена во Шпанија неколку дена порано, голем број извадоци беа објавени во медиумите ширум светот.
Според објавите, Хари пишува за влошената врска со неговиот брат Вилијам, за тагата поради смртта на неговата мајка Дијана, па дури и за губењето невиност на 17-годишна возраст.
Престолонаследник и резерва
„Принцот Вилијам беше престолонаследникот, а јас бев резервата“, пишува Хари во книгата, според објавите во медиумите. Хари бил „сенката, поддршката, планот Б“ и верува дека „пристигнал на овој свет во случај нешто да се случи“.
Кога имал 20 години, принцот Хари дознал дека татко му, кралот Чарлс, ѝ кажал една многу непријатна реченица на мајка му, принцезата Дијана, на денот кога тој се родил. Според напишаното во книгата, кралот Чарлс ѝ рекол на принцезата Дијана: „Прекрасно! Сега ми дадовте наследник и ‘резерва’ – мојата работа е завршена“.
„Многумина тоа го доживееа како шега“, пишува Хари. Но, кратко потоа „Чарлс заминал да се види со својата девојка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Братучетка на принцот Вилијам е пронајдена мртва…
Братучетка на принцот од Велс и војводата…