Објавено на:

Британија предлага хомосексуалците и бисексуалците да се вакцинираат против мајмунски сипаници

t

Британските здравствени власти ќе почнат да нудат вакцини против мајмунски сипаници за геј мажите и бисексуалците, бидејќи тие се изложени на најголем ризик да се заразат со таа болест.

„Лекарите може да размислат да вакцинираат некои мажи кои се изложени на најголем ризик од инфекција“, се наведува во соопштението на Британската агенција за здравствена безбедност.

Агенцијата идентификувала дека промискуитетните хомосексуалци се во најголем ризик да заболат од мајмунски сипаници.

„Со вакцинирањето на ризичните групи се надеваме дека ќе го прекинеме синџирот на пренос на инфекција и ќе помогнеме да се намали епидемијата“, истакна раководителката на Одделот за имунизација во Агенцијата за здравствена безбедност, д-р Мери Ремзи, раководителката на одделот за имунизација во Агенцијата за здравствена безбедност.

Минатиот месец, водечки советник на Светската здравствена организација рече дека епидемијата на мајмуни сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажите за време на забави во Шпанија и во Белгија.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…