Британија призна: Русија има значителен арсенал крилати ракети за напад на инфраструктурата во Украина
Русија најверојатно може да проиизведе голем број на крилати ракети (воздух-земја) и најверојатно нивните складишта се полни со вакви ракети, изјави денес Британското Министерство за одбрана. Русите ќе ги искористат овие ракети за напади над украинската енергетска инфраструктура оваа есен и зима, додадоа Британците.
„Помеѓу октомври 2022-ра и март 2023-та, Русија се фокусираше за напади со долг дострел врз украинската национална енергетска инфраструктура“, напиша Министерството за одбрана на Х (Твитер).
Извештаите од отворените извори, сугерираат дека од април 2023-та, потрошувачката на вакви крилати ракети (воздух-земја) е драстично намалено од страна на руските воздушно-космички сили, додека руските власти ги потенцираа обидите за зголемување на производството на оваквите ракети. Објавија Британците.
Како заклучок на ова британското Министерство за одбрана изјави дека најверојатно складиштата со рускиот арсенал оружја се преполни со вакви ракети и додаде дека постои многу реална можност Русија да започне со масовни напади врз енергетската инфраструктура на Украина како што се наближува зимата во северната хемисфера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…