Британскиот амбасадор во земјава: Нема потреба да докажуваме дека постои македонскиот јазик

t

Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје.

Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на Виз Ер, бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома. Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме, „ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму, рече Лосон.

По повод одбележувањето и на 30 години партнерство и дипломатски односи меѓу двете земји, амбасадорот рече дека секогаш ќе ја поддржуваат Македонија како рамноправен партнер.

Секогаш ќе ја поддржуваме Македонија како рамноправен партнер во трговијата, инвестициите, во НАТО, ОБСЕ, Обединетите Нации. Нашето партнерство се протега и во вашата култура, јазик и историја. Ние сме горди на нашата историја и нашиот јазик во Обединетото Кралство, особено оваа година со крунисувањето на нашиот нов крал и разбираме и почитуваме дека и вие сте горди за вашиот јазик и вашата историја, дополни Лосон.

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, на настанот што се одржа во Музеј на современа уметност во Скопје, истакна дека се гордеат што и Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…