Објавено на:

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон вечерва пристигнува во Израел

t

Британскиот министер за надворешни работи, лордот Дејвид Камерон во текот на ноќта треба да пристигне во еднодневна посета на Израел.

Како што е најавено тој треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за надворешни работи Израел Кац, а можеби и министерот во воениот кабинет Бени Ганц, иако тоа сè уште не е финализирано, јавува Тајмс од Израел.

Една од главните пораки на Камерон ќе биде потребата да се спроведат израелските ветувања околу проширените рути за хуманитарна помош до Газа, со фокус на отворањето на пристаништето Ашдод и нов премин од северниот дел на Газа, изјави британски функционер.

Највисокиот британски дипломат, исто така, ќе ја нагласи потребата да се подобри односот со хуманитарните групи во Газа.

Тој, исто така, ќе разговара за иранскиот напад со проектили и беспилотни летала, тензиите во Либан и напорите да се извлечат заложниците од Газа.

Камерон ќе посети и високи претставници на палестинската управа во Рамала.

По Израел, Камерон ќе отпатува за Капри, Италија, на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, кој ќе се фокусира, меѓу другите прашања, на војната во Газа и за ефективен политички пристап кон решението за „два народи, две држави“, соопштиле италијанските организатори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…

Рекордна излезност на изборите во Израел: До…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…