Објавено на:

Британскиот пратеник обвинет за сексуална злоупотреба на 15 годишно момче поднесе оставка

t

Имран Ахмад Кан, пратеникот исклучен од Конзервативната партија откако беше прогласен за виновен за сексуален напад на 15-годишно момче, најави дека ќе поднесе оставка, што ќе предизвика предвремени избори во изборната единица Јоркшир во Вејкфилд, пишува Гардијан.

Иако Кан ќе се жали за пресудата, тој во изјавата призна дека правната постапка ќе трае „уште многу месеци“ и ќе ги остави неговите гласачи без соодветно политичко претставување.

„Затоа, за жал дојдов до заклучок дека е неподносливо за гласачите да поминат години без пратеник кој може да го засили нивниот глас во парламентот“, додаде тој.

Британскиот премиер Борис Џонсон бил известен за случајот, но засега нема негова официјална изјава. Џонсон и самиот се соочува со повици да поднесе оставка откако беше казнет од полицијата поради прекршувањето на ковид-правилата за време на локдаунот во Британија, пишува Ројтерс.

Случајот Имран Ахмад Кан

Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон во понеделникот беше прогласен за виновен за сексуално злоставување на 15-годишно момче откако се обидел да го принуди да пие алкохол пред да го нападне, пренесува Ројтерс.

Кан (48), ги негираше обвинувањата, но беше осуден за напад на момчето во неговата куќа во 2008 година.

Жртвата одлучи да не продолжи со тужба во тоа време, но кога Ахмад Кан беше избран во парламентот во 2019 година, тој го продолжи случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ