Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибините
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната за пиење алкохол на трибините е застарена и дека треба да се разгледа нејзино укинување, можеби првично преку пилот-програма.
Правилото е воведено во 1985 година и забранува пиење алкохол на места од кои директно се гледа теренот на натпреварите во првите пет нивоа на машкиот англиски фудбал.
Навивачите и сега можат да купат пиво на стадионите, но мора да го пијат подалеку од видикот кон теренот.
Барнам смета дека не е оправдано фудбалските навивачи да имаат поинаков третман од љубителите на други спортови, како рагби и крикет, каде што пиењето во текот на натпреварите генерално е дозволено.
Идејата веќе има поддршка од Фудбалската лига и здруженијата на навивачи.
Во женскиот фудбал, пак, по успешен 18-месечен тест-период, навивачите од оваа сезона можат да пијат алкохол и додека го гледаат теренот.
Но, полицијата предупредува дека промената не треба да се носи без детална анализа и консултации, бидејќи алкохолот се поврзува со дел од инцидентите на насилство и нарушување на редот на фудбалските натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ…
АЛТА банка Битола би можела да добие…
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МОСКВА: САД ЈА ПРЕДУПРЕДИЛЕ…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) официјално…
ТРАМП: ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА ЗАРАБОТИВМЕ ДЕСЕТ ПАТИ…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите…
ИРАН ПРЕД ПРОМЕНА НА НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА? Од…
Во услови на зголемени воени тензии на…
По судирот пред Уставниот суд, полската опозиција…
Полската опозиција најави покренување на иницијатива за…