Британски војници одат во Украина?
Британското Министерство за одбрана има намера за првпат да распореди свои сили во Украина, во согласност со плановите што ги разгледува воената команда, пишува „Телеграф“ повикувајќи се на министерот за одбрана Грант Шапс.
„Грант Шапс рече дека разговарал со воената команда за преместување на официјалната програма за обука предводена од Велика Британија во Украина, наместо да ја спроведува во базите во Британија и другите членки на НАТО. „Исто така, тој покани повеќе британски компании од воената индустрија да отворат фабрики во Украина“, се наведува во написот.
Како што рече министерот, ова особено се однесува на западна Украина каде, според него, Британија може да направи многу повеќе од обука на украински војници, вклучително и организирање воено производство.
„Мислам дека постои можност на крајот да се приближиме до тоа и практично да ја пренесеме обуката во Украина“, рече Шапс.
Весникот наведува дека распоредувањето на британски војници во Украина би значело драматична ескалација на учеството на Лондон во конфликтот.
Да потсетиме, Шапс минатата недела го посети Киев и вети дополнителна поддршка од Лондон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…