Британски Телеграф: Украина е премногу корумпирана за да влезе во НАТО
Украина е премногу корумпирана за да се придружи на НАТО и Соединетите Американски Држави ќе му го кажат тоа на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди неименуван американски функционер за британски Телеграф.
Британскиот весник оценува дека тоа секако ќе биде голем удар за амбициите на Зеленски и неговата земја.
Како што се наведува, западниот воен пакт на својот годишен самит следната недела ќе побара Украина да преземе „дополнителни чекори пред формалните разговори за членство на Украина во НАТО напредуваат“, изјавил високиот американски функционер.
Зеленски за залага за влез во НАТО уште пред почетокот на конфликтот во неговата земја, наводно за Украина да се заштити од идна инвазија, бидејќи НАТО има клаузула која ги обврзува членките воено да ги бранат сојузниците ако се нападнати.
Но корупцијата, меѓу другото, е главниот трн во окото на Алијансата, тврди американскиот функционер.
Во 2022 година, откако Украина формално поднесе барање за влез во Европската Унија, комисијата на ЕУ напиша за Украина дека, иако „спречувањето и борбата против корупцијата е особено високо на украинскиот план на реформи од Револуцијата на достоинството“ во 2014 година, „корупцијата останува сериозен предизвик“.
Се чини дека Зеленски директно се бави со проблемот, особено во војската. Во септември ги отпушти сите шест свои заменици министри за одбрана без објаснување неколку недели откако го смени министерот за одбрана, наведува британскиот весник.
САД ги признаа неговите напори, а функционер на Стејт департментот за Телеграф кажа: „Мораме да се повлечеме и да аплаудираме на сè што Украина направи во име на реформите во последните две и повеќе години“.
„Додека ги продолжуваат тие реформи, сакаме да ги пофалиме, сакаме да разговараме за дополнителните чекори кои треба да се преземат, особено во областа на борбата против корупцијата. Тоа е приоритет за многумина од нас на масата“, додал изворот.
НАТО на Украина ѝ дал листа реформи кои Киев мора да ги спроведе пред да се квалификува за членство, на што Зеленски наводно работи.
„Тоа е нешто што НАТО тивко го прави под радарот и им помага да се приближат до членството“, кажал изворот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…