Британското МО: Русите најверојатно го заземаа Соледар

t

Велика Британија објави дека Русија најверојатно го освоила Соледар, рударски град во источна Украина. Британското Министерство за одбрана објави дека по четири дена напредување, руските војници и платениците од групата „Вагнер“ можеби ја презеле контролата врз Соледар, каде што се наоѓаат рудници за сол.

Доколку се потврди, тоа ќе биде најважниот руски успех од август, по серијата понижувачки порази во втората половина од минатата година. Руските сили со месеци се борат за блискиот Бахмут, неколку километри југозападно. Двете страни имаат огромни загуби.

Москва тврди дека заземањето на Бахмут би било важен чекор кон преземање целосна контрола врз Доњецката област, една од четирите провинции анектирани од Русија пред два месеци.

Руското Министерство за одбрана не ги спомна Соледар или Бахмут на брифингот со новинарите во понеделникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…