Објавено на:

Британското МО: Со повлекувањето од Херсон Русите нема да можат да ја остварат стратешката цел Одеса!

t

Способноста на Русија да ги задржи силите на западниот брег на Дњепар се најде под знак прашалник поради украинските удари на рутата за снабдување, наведуваат британски разузнавачи, додавајќи дека руските сили при повлекувањето уништиле повеќе мостови и веројатно поставиле мини за да го забават напредувањето на украинските сили. Загубата на западниот брег на Дњепар веројатно ќе ја спречи Русија во остварување на нејзината важна стратешка цел – воспоставување копнен коридор кон Одеса.

Британските воени разузнавачи во најновиот извештај на Министерството за одбрана пишуваат за одлуката на Русија да ги повлече нејзините сили од Херсон, најголемиот град што Русите го окупираа од почетокот на војната.

Како што наведуваат британските разузнавачи, руските сили ќе бидат ранливи со повлекување поради ограничениот број локации каде може да ја преминат реката Дњепар. Веројатно е дека повлекувањето ќе трае неколку дена, а притоа силите што ќе се повлекуваат, се верува оти ќе бидат покриени со артилериски оган од утврдените одбранбени позиции, се наведува во извештајот.

Разузнавачите потсетуваат дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареде повлекување на руските сили од западниот брег на реката Дњепар во регионот Херсон во јужниот дел на Украина. Генералот Сергеј Суровикин, командантот на руските сили во Украина, потврди дека руските сили ќе се повлечат на одбранбените позиции покрај реката Дњепар, наведувајќи ги проблемите со снабдување како главна причина за одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Србија не го менува ставот по…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави…

Руската ФСБ спречила терористички напад на синагога…

Руската ФСБ спречила терористички напад во една…

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на…

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј…

Зеленски удри по Шолц: Не ни дава…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше…

Франција повеќе не е заинтересирана да разговара…

Франција повеќе не е заинтересирана за „разговор…