Британско радио лажно објави дека починал кралот Чарлс Трети – „Грешка во системот“
Британската радио станица Радио Каролина објави за наводната смрт на кралот Чарлс III. Радиото ја пушти химната „God save the king“. Водителите објавија прекин на вообичаената програма поради смртта на кралот. 15 минути подоцна, водителите се вратија во етер и се извинија за инцидентот. Кога етерот беше обновен, директорот на радио станицата Питер Мур го објасни инцидентот како „компјутерска грешка“.
„Во нашето главно студио, случајно беше активирана постапката „Смртта на монархот“, која сите британски станици ја држат во режим на подготвеност, надевајќи се дека ќе го избегнат нејзиното спроведување“, рече тој.
Во тоа време, Чарлс III беше во посета на Северна Ирска.
Сегашниот крал на Велика Британија двапати е лажно пријавен за мртов за време на неговото владеење. Претходниот случај беше во март 2024 година, кога во медиумите беше дистрибуиран лажен документ, наводно објавен од Бакингемската палата, во кој се зборуваше за смртта на монархот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…