Објавено на:

Британците откриваат: Елиминација на државниот врв, заземање на централната банка – Путин планирал да ја освои Украина за десетина дена?!

t

Британскиот истражувачки центар за одбрана и безбедност откри наводни детали од пред инвазискиот план на Москва врз Украина, врз основа на заробените руски документи, наводно потпишани од Владимир Путин лично.

Русија планирала да ја окупира Украина во рок од 10 дена и да ја припои до август оваа година, наведува британскиот Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии.

Истражувачкиот центар наведува дека дури и замениците на началниците на руската војска не го знаеле планот за инвазија и окупација на Украина до неколку дена пред почетокот на инвазијата, а тактичките воени единици не добивале никакви наредби , се до наредбата за покрет на единиците

Заземање на нуклеарните централи на Украина, централната банка и парламентот

Документите откриваат и дека Русија планирала да ги заземе украинските електрани, аеродроми, водоснабдувањето , централната банка и парламентот – и дека руските специјални служби имале задача да го ликвидираат украинското раководство.

Британскиот истражувачки центар за одбрана и безбедност наведува дека Русите очекувале претставниците на украинската влада „или да побегнат или да бидат заробени поради брзината на инвазијата“.
Украинската разузнавачка заедница исто така верува дека Русија планирала да ги искористи белоруските воздухопловни единици за да ги заземе нуклеарните централи Ривне и Хмелницки, лоцирани во близината на белоруско украинската- граница

Планот за инвазија, исто така, наводно вклучувал и детален заговор за заземање на нуклеарните централи на Украина каде според плановите требале да се засолнат руските војници, за да воспостават контрола врз енергетскиот систем на земјата и потоа, потенцијално да ги уценуваат европските земји со закана од радијациона контаминација.

Русија планирала да започне инвазија со „масовна кампања на проектили и воздушни напади“ против украински воени цели, пренесува Британскиот истражувачки центар за одбрана и безбедност
Во плановите стои децидно дека Москва нема да ја таргетира критичната инфраструктура, како што се електраните и железницата , бидејќи тие се клучни за нејзините планови да ја окупира целата територија на Украина .

Елиминација на украинските функционери

Руската контраразузнавачка служба наводно составила списоци на некои Украинци, кои биле поделени во четири категории: оние што треба да се убијат, оние што треба да се заплашат, оние кои се сметаат за неутрални и охрабрени да соработуваат и оние кои се подготвени да соработуваат.

Официјалните лица планирале да го регистрираат населението преку чистење од врата до врата и кампови за филтрирање, пренесува институтот за одбрана и безбедност

Русија, наводно, планирала и присилна соработка на регионалните гувернери и локалните власти, а службата за безбедност ФСБ имала задача да ги уапси локалните функционери. Со текот на времето, таа планирала да донесе наставници и други службеници од Русија за да започнат со „превоспитување на Украинците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нивото на водата од браната која пукна…

Нивото на водата во реката Урал кај…

Надворешниот долг на Русија е на најниско…

Според податоците на Централната банка на Русија,…

Путин не отфрла мирно решение на конфликтот…

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на…

Вучиќ: Србија не го менува ставот по…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави…

Руската ФСБ спречила терористички напад на синагога…

Руската ФСБ спречила терористички напад во една…