Британците предупредуваат на можен напад: Русите преместиле подморници од Крим
Британското Министерство за одбрана објави нов дневен извештај од нивните разузнавачи за ситуацијата во Украина во кој се осврна на руската Црноморска флота.
– Командата на руската Црноморска флота речиси сигурно ги преместила своите подморници од класата KILO од матичното пристаниште Севастопол на Крим во Новоросијск во Краснодарскиот крај, јужна Русија, пишуваат Британците.
– Ова е многу веројатно поради неодамнешната промена на нивото на безбедносна закана во светло на зголемените украински напади со долг дострел. Во последните два месеци беа нападнати седиштето на флотата и нејзиниот главен аеродром, забележуваат Британците.
Според нив, една од главните мотивации на Путин за анексија на Крим во 2014 година била токму можноста таму да ја задржи руската флота. Сепак, додаваат дека безбедноста на таа флота сега е директно загрозена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…