Брнабиќ: На изборите во Белград СНС во коалиција со Дачиќ и со Вучиќ како носител на листата
Претседателката на српското Собрание и потпретседател на ГО на СНС Ана Брнабиќ денеска изјави дека Српската напредна партија на изборите во Белград на 2 јуни ќе има досега најширока можна коалиција меѓу кои е и СПС на Ивица Дачиќ и посочи дека носител на листата ќе биде Александар Вучиќ.
– Носител на листата ќе биде Александар Вучиќ и тоа ни е голема чест и уште еднаш со името на Александар Вучиќ на листата одиме на овие избори, не се срамиме од тоа, горди сме со тоа, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека на листата ќе се најдат СНС и нејзините коалициски партнери – Социјалистичка партија на Србија (СПС), Единствена Србија (ЈС), ПУПС, Српската радикална партија на Шешељ, Движењето на социјалистите на Вулин, СДП – Расим Љајиќ, СМП – Ненад Поповиќ, Здружението на граѓани Семеен аларм, Зелената партија на Иван Кариќ, Андрија Младеновиќ со неговата независна партија и други.
Еден од важните приговори на меѓународните набљудувачи на ОДИХР и на Европскиот парламент на последните избори во Белград во декември лани беше дека носител на листата на СНС беше Александар Вучиќ, кој не учествуваше на изборите бидејќи е претседател на Републиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…