Брнабиќ: Секој глас за опозицијата е глас за воведување санкции на Русија
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека граѓаните на 17 декември ќе бираат меѓу две Србии – онаа која продолжува „да се развива и победува“ и онаа која ја предводи Драган Ѓилас и која ќе гласа за воведување санкции на Русија.
„На изборите на 17 декември постојат две опции. Не три, не пет, седум, туку само две. Или Србија ќе продолжи да се развива и да победува и постои Драган Ѓилас – со неговите леви и десни партии. Бидејќи ги имате Двери, Заветници и ДСС, кои кажуваат дека ќе коалицираат со Ѓилас, на кого прво на дневниот ред му е воведувањето санкции на Русија. Така што, ако гласате за нив, вие гласате за Ѓилас. Ние мораме да го браниме семејството, семејните вредности, независна, самостојна, суверена Србија и економскиот раст и напредок на Србија. За да не се разбудиме на 18 декември во Србија од 2012 година“, порача српската премиерка.
Таа оцени дека опозицијата во Србија не ја интересира вистината, туку дека единствено важно им е да подготват терен за создавање хаос „откако ќе изгубат на изборите“.
„Нас не нè интересира останувањето на власт, туку уредувањето на Србија. Па ако народот каже дека не нè сака, во ред. ќе бидеме сериозна и одговорна опозиција. Апелирам уште еднаш до опозицијата да не прави хаос по изборите“, порача Брнабиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран дозволи премин на ирачки танкери низ…
Иран одобрил премин низ Ормускиот Теснец за…
Голем пожар кај Прилеп, итен апел до…
Голем пожар избувна денеска на потегот од…
САД го забележаа најтоплиот месец во историјата:…
Јули 2026 година официјално стана најтоплиот месец…
Се враќа зеленилото на плоштадот „Македонија“ кое…
Просторот на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје,…
Голем пожар избувна во струмичко меѓу селата…
Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу…