Брнабиќ: Сите капацитети на Србија мора да бидат насочени кон Косово и Метохија
Ана Брнабиќ: Од 1 септември, период на нестабилност, сите капацитети на Србија мора да бидат насочени кон Косово и Метохија.
Премиерката на Србија и мандатар за состав на новата влада, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Белград е задоволен од договорот со Приштина за лични карти во границите на она што може да се очекува, дека нема простор за маневрирање и дека од 1 септември влегува во период на голема нестабилност бидејќи не е постигнат договор за регистарските таблички.
„Не знаеме како ќе се однесуваат косовските политичари, неодговорно покажаа колку не им е гајле за мир, до 31 октомври секој мора да си ги смени таблите и да ги прифати табличките што ги сака Приштина, но ние не се откажуваме од К.М“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека сите капацитети на Србија мора да бидат насочени кон Косово и Метохија во септември, за да се спречи каква било форма на насилство и да се обезбеди мир и дека тоа е приоритет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…