Објавено на:

Брнабиќ: Ја имате мојата оставка на маса, избори до крајот на годината!

t

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека се трудела да си ја заврши работата на најдобар можен начин.

„Не мислам дека се што направивме беше совршено, моравме брзо да донесеме некои одлуки, но мислам дека резултатите се несомнени и јасни“, изјави Брнабиќ.

Таа смета дека е-администрацијата е едно од нејзините најголеми достигнувања.

Таа се осврна на трагедиите што се случија на почетокот на мај.

„Трагедиите и монструозните злосторства од 3 и 4 мај целосно не шокираа и навистина длабоко не променија“, рече Брнабиќ и повторно изрази длабоко сочувство до семејствата.

Бирнабиќ изјави дека по трагедиите се преземени мерки – разоружување, зголемување на бројот на полицајци кои ќе се грижат за училиштата, измени на Кривичниот законик, како и формирање Работна група за ментално здравје и борба против врсничкото насилство.

Сметајте дека мојата оставка ќе биде на маса. Излезот од кризата се парламентарни избори до крајот на годината, рече Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…