Објавено на:

Брод под карантин: 150 патници заглавени

t

Околу 150 патници на брод за крстарење по Медитеранот се позитивни на Ковид-19, откако во понеделникот од француското пристаниште „Марсеј“ пристигнале во италијанското пристаниште „Џенова“, пренесува Агенција Анадолија.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека откако се заразиле со коронавирус, патниците, повеќето Италијанци, биле изолирани во нивните кабини на бродот за крстарење „МСЦ Грандиоса“ закотвен во Џенова, најпознатото пристаниште во Италија.

Според наводите, Италијанците ќе бидат испратени дома со заштитени возила, а странците ќе бидат однесени во дом за згрижување во Џенова.

Бродот, што во понеделникот попладне требаше да замине за Чивитавекија, крајбрежен град северозападно од главниот град Рим, ќе може да плови по целосната дезинфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца мртви во американски напад врз брод…

Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…

Товарен брод погоден со проектил во близина…

Товарен брод се запалил во близина на…

Ѕирнете на јахтата на Лепа Брена: Пејачката…

Пејачката Лепа Брена се огласи на Инстаграм,…

Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…

Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…