БРОЈКАТА ОД 80 ПРАТЕНИЦИ ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ НЕ Е НЕДОСТИЖНА: Проценка на претседателот Пендаровски

t

Ако во нашиот Устав веќе 22 години имаме внесено седум народи и делови од народи, каква штета може да има за македонскиот народ и идентитет ако внесеме уште шест етнички заедници кои живеат тука. За жал, опозицијата реши да се грижи повеќе за својот рејтинг отколку за стратешките интереси на државата и само тоа е причината зошто е неизвесно дали ќе дојде до промената на Уставот – вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор.мк.

– Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени. На лидерската средба тие прифатија да влезат во Владата и да предводат пет ресори и изразија противење само за учество во Владата на најголемата партија на Албанците во Македонија. Ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници не е недостижна – смета Пендаровски.

На прашање дали имал реакции од Софија затоа што на Фејсбук објавил слика пред споменикот на стреланите младинци во Ваташа, под која напишал дека тие се убиени од бугарскиот фашистички окупатор, Пендаровски вели дека ни официјално, ни неофицијално не добил никаква реакција од Софија.

– Во врска со ваташкиот масакр не може да има каков било приговор. Историските факти за свирепото убиство на 12-те младинци се неспорни и одамна верификувани од историската наука. Во овој контекст, сакам посебно да го истакнам фактот што не доби поголемо внимание во македонската јавност, а тоа е присуството на 16 јуни во Ваташа на делегација на Клубот за бугарско-македонско пријателство, кога неколку истакнати бугарски интелектуалци се поклонија пред паметникот на убиените – рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…

„Вие само ќе треба да му кажете…

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…