Објавено на:

Бројот на гласачи за 1,3 милиони поголем од бројот на жители во Албанија

t

Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа објави дека во единствениот избирачки список, за парламентарните избори на 11 мај, запишани се над 3.7 милиони граѓани со право на глас.

-Министертвото ги почна подготовките за претстојните општи избори. Според граѓанската евиденција во единствениот избирачки список се наоѓаат 3.721.116 лица со право на глас. Од вкупниот број 50,5 отсто се мажи додека 49,5 отсто жени. До овој момент во списокот не се запишани уште 4.536 лица над 100-годшна возраст, кои веќе наполнле или ќе наполнат до 11 мај, денот на изборите, рече Хоџа.

Доколку се направи споредба со резултатите од пописот произлегува дека бројот на гласачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113.

Хоџа информираше дела ќе се гласа на 5.050 избирачки места, а како и за другите изборни циклуси, дел од полициските службеници, што ќе бидат ангажирани во транспорт на гласачкиот материјал и безбедноста на избирачките места, ќе следат соодветна обука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…