Бројот на депортирани од Германија е зголемен за близу 27 отсто
Бројот на депортирани од Германија е зголемен за близу 27 отсто во првата половина од оваа година во однос на истиот период во 2022 година, покажуваат информациите подготвени како резултат на парламентарната истрага на партијата „Левица“ до германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.
Вкупно 7.861 депортација се случиле во првите шест месеци од годината, покажуваат бројките што првпат ги објави Ноје Оснабрикер Цајтунг – 1.644 од депортираните се жени, а 1.375 се малолетни.
Според податоците, најчесто депортирани се лицата со грузиско државјанство (705).
Луѓето чии барања за азил се одбиени или чии визи или дозволи за престој се истечени мора да ја напуштат Германија. Имиграциските власти се обврзани да ја извршат нивната депортација доколку не постојат попречувачки фактори како што се болест или други основи за привремена суспензија. Сепак, овие депортации честопати не успеваат, наведува ДПА.
Според информациите, во првата половина од годината морале да бидат прекинати 520 обиди за депортација. Најчести причини биле отпорот на засегнатите лица, одбивањето на пилотот или авиокомпанијата и одбивањето на федералната полиција да изврши апсење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…