Бројот на заболени од западнонилска треска расте, вкупно 38 случаи

t

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци.

„Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска (36 потврдени и 2 веројатни), од кои 37 во скопскиот регион. На 11 август 2026 година, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на западнонилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел. Регистрирани се и 4 смртни случаи кај лица со невроинвазивна форма на болеста. Во тек на минатата недела (од 12 до 18 август) се пријавени 12 нови случаи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе контрола на активности за дезинсекција во сите општини. Продолжуваат систематските и вонредните (по епидемиолошка индикација) активности за ларвицидна и адултицидна дезинсекција – авионска и терестичка – на територијата на Град Скопје и општините Гази Баба, Кисела Вода (н. Драчево), Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Чучер Сандево и Велес. Заклучно со 14 август 2026 година спроведени се повеќе циклуси на третман, вклучително и дополнителни интервенции на застоени водени површини во засегнатите подрачја, истакна министерот Клековски.

Тој потсети дека со цел граѓаните од засегнатите подрачја навремено да добијат совети за лична заштита од убоди на комарци, во тек е СМС-кампања за информирање на населението. Во рамки на кампањата предвидено е да бидат испратени околу 38.500 пораки до граѓаните во засегнатите општини.

  • Вчера (18 август) испратени се 6.526 пораки – испраќањето започна во општина Петровец (1.554 пораки), а потоа продолжи во општина Гази Баба.
  • Дополнително ќе бидат испратени уште 31.365 пораки, кои постепено ќе бидат доставени до граѓаните во наредниот период.

Досегашните резултати покажуваат висок степен на ангажираност – до 70% од доставените пораки се прочитани од граѓаните и го посетиле линкот со дополнителни информации содржан во пораката.

Министерот потсети да се почитуваат препораките за заштита, како што се:

  • Отстранување застоена вода од дворовите (тацни од саксии, стари гуми, канти) и редовно чистење на олуци.
  • Поставување заштитни мрежи на прозорци и врати.
  • Избегнување престој надвор во зори и самрак, кога комарците се најактивни.
  • Носење облека со долги ракави и панталони и користење репеленти.
  • При појава на симптоми (висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и сл.) веднаш да се побара лекарска помош и да се извести докторот за евентуален престој во засегнатите подрачја.

Министерството за здравство продолжува да ја информира јавноста за епидемиолошката состојба и за преземените превентивни активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…

На денешната прес конференција, министерот за здравство…

(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…

Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…

Чешка нуди помош за решавање на спорот…

Чешка е подготвена да помогне во барањето…

Митески: Има заболени од западнонилска треска во…

Во Општина Аеродром има граѓани заболени од…

(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион…

Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се…