Бројот на пријави за сексуална злоупотреба во СЗО се зголемува, Тедрос вели дека тоа е знак дека системот функционира
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека се зголемил бројот на обвинувања за сексуална злоупотреба, експлоатација и вознемирување во рамките на СЗО, оценувајќи дека тоа е знак дека нејзината реформска стратегија функционира.
„Тоа е показател дека системот почнува да функционира подобро и дека жртвите и набљудувачите се повнимателни“, рече Тедрос.
Тоа го изјави на состанокот на Извршниот одбор на СЗО, пренесе Ројтерс.
Околу 83 хуманитарни работници, од кои една четвртина се вработени во СЗО, биле вклучени во сексуална принуда и злоупотреба за време на 10-тата епидемија на ебола во Конго, соопшти независната комисија минатата година, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…
Европа би можела да биде погодена од…
Горештините се закана по јавното здравје и…
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…
Маж и истурил хемиско средство на партнерката…
Од МВР информираат дека четири лица се…
СЗО се сомнева дека има повеќе од…
Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…