Брука: Брисел призна дека го избришале обраќањето на Фон дер Лајен за украинските загуби, ама не кажаа зошто!
Тврдењето на Урсула фон дер Лeјен дека Украина изгубила повеќе од 100.000 војници во конфликтот со Русија е избришано од Твитер профилот на претседателката на Европската комисија.
Европската комисија потврди дека ја отстранила информацијата за 100.000 загинати украински војници од видео пораката и писмената изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
„Голема благодарност до оние кои укажаа на неточноста на податоците објавени во првата верзија на видео пораката. Проценката искористена од надворешни извори требаше да се однесува на загубите, односно на загинатите и ранетите и да ја покаже бруталноста на Русија“, изјави на Твитер портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, пренесе ТАСС.
Во првично објавеното видео и писмената изјава, Урсула фон дер Лејен изјави дека „повеќе од 100.000 украински војници и повеќе од 20.000 цивили загинале“ од почетокот на војната, но таа реченица е отстранета два часа подоцна и од видео пораката и од писмената изјава.
Во Киев се спротивставија на оваа бројка, наведувајќи дека останува на претседателот Владимир Зеленски и на украинските претставници да презентираат такви бројки.
Сергеј Никофоров, портпарол на украинскиот претседател, за украинските медиуми изјави дека таквите „чувствителни“ информации треба да ги објават само највисокиот воен командант на земјата, генерал Валериј Залужни, министерот за одбрана Алексеј Резников или самиот претседател.
Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…