БРУКА! Министерката Кочоска за функционерски 78% плати – Ако планираат да ги намалат, јас си заминувам
Министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриовска на денешниот брифинг со новинарите беше прашана и дали ќе се намалт функционерските плати кои лани по одлука на Уставниот суд се зголемија за 78%. Сега министер во владата зема 115 илјади денари нето плата и плус додаток за стаж кој е 0,5% за секоја година на работа.
Кочоска не гледа решение во намалувањето на функционерските плати бидејќи вели дека особено министрите работат многу и напорно додека други се одмараат на викенди и празници.
-Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат јас заминувам, децидно кажа министерката за финансии Кочоска.
-Знаете зошто. Еве, 115 илјади денари е плата на министер. Јас приватно работев и повеќе заработував. Не мора да бидам тука, нека дојде друг тука да се справува, додека се тие по одмори, јас и сабота и недела бев на работа. И немав платено прекувремено. Прашајте по институции со дополнително управни одбори колку земаат, прашајте фамилијарно колку земаат и како се врзани и што прават, рече Кочоска.
-Дајте ми една причина, министри со вакви нервози и стресови-зошто треба да останам. А најмногу се критикувани од новинарите и не се лутам за тоа. Проблем се директо(рчиња)рите, оцени Кочоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…