БРУКА: Поддржувачи на Јорданов избркалe од работа човек кој 30 години е член на ВМРО-ДПМНЕ затоа што гласал ПРОТИВ зголемување на цената на водата во Штип
Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ денеска објави список на лица, како што велат тие, се послушници на политичко-олигархискиот естаблишмент и поддржувачи на градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Лицата чии имиња и потписи се објавени избркале од работа човек кој е вработен во штипското комунално претпријатие “Исар”, а го избркале поради тоа што гласал против желбата на Јорданов да ја зголеми цената на водата во градот.
Како што наведуваат тие, човекот кој е избркан е член на ВМРО-ДПМНЕ 30 години.
Во продолжение нивната објава на Фејсбук:
-Ова се луѓето послушниците на ПОЛИТИЧКО-ОЛИГАРХИСКИОТ ЕСТАБЛИШМЕНТ И ПОДДРЖУВАЧИ НА Иван Јорданов ШТИПСКИОТ Градоначалник, кој денес на советот разрешија член со (32) годишно членство во ВМРО-ДПМНЕ изгласаа ЗА разрешување на Јонче Манојлов член на Управен Одбор на Ј.П. Исар бидејќи не гласаше за предлогот за покачување на водата кое е на штета на граѓаните и легалното плачкосување на граѓаните, ДОКОЛКУ ги прашате Советниците и тие самите нема да знаат да ви кажат зошто гласале ЗА разрешување, НО сето ова е по наредба на Градоначалникот Иван Јорданов од Штип.
Споделувајте го ова Браќа ВМРО-вски, сите кој си ја сакате Македонија и идеологијата на вмро дпмне, за да видат сите колку овие ново дојдените во ВМРО-ДПМНЕ од другите политички партии си ја сакат Државата а со тоа и колку мислат на граѓаните на Македонија.
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА – пишуваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…