Бруки: Завршува полугодието, учениците без учебници – образовните институции си ја префрлаат вината меѓусебно!

t

Уште неколку дена остануваат до крајот на првото полугодие, а учениците се уште не ги добија сите учебници. Најголем недостиг од учебници имаат шестите одделенија, но учебници немаат и другите одделенија. Директорката на ОУ“Адем Јашари“, Фиторе Ќирези вели дека не знае како ќе се оправдаат парите пред родителите.

„Не знам како да се образложиме пред колегите и родителите, како да се снајдеме со учебниците кои недостасуваат во другите одделенија. На пример за деветто одделение немаа воопшто учебник по географија веќе 2 години, не само едно полугодие доцнење, туку веќе 2 години нема воопшто учебник по географија за деветто одделение. Потоа делумно има недостиг на учебникот по математика за трето одделение. Делумно има недостиг на учебниците по Историја и Општество за петто одделение. Главно значи се соочуваме со недостиг на учебници“, вели Фиторе Ќерези.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вината им ја префрла на директорите кои, според него, не ги доставиле точните податоци до Министерството.

„Сите учебници за шесто одделение би ве замолил да ги заверите во училиштата во образовните инсистуции, неодговорните директори, доколку има такви ситуации бидејќи во земјава се распределени 1.6 милиони учебници а тоа го немавме претходно. Затоа… слободно видете кој директор не испратил податоци како што треба за бројот на ученици, може да има индивидуални случаи за кои треба да преземе мерки но сите учебници се распределени според информациите што ги имам јас“, порача Јетон Шаќири.

За предметите за кои нема учебници, учениците мораат да фаќаат забелешки во тетратка за време на часот. И додека институциите меѓусебно се обвинуваат, учениците уште некое време ќе останат без учебници. Инаку учениците од Македонија на ПИСА тестирањето покажаа многу слаби резултати.

Извор: tv21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…