Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил и со тврд предмет!

t

Малолетна девојка била физички нападната во централното градско подрачје на Скопје, а според пријавеното, во нападот учествувал нејзиниот партнер.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 27 септември во 16:30 часот во СВР Скопје. Пријавата ја поднел 54-годишниот Ш.Х. од Скопје, кој го пријавил нападот врз неговата малолетна ќерка.

Според пријавеното, инцидентот се случил околу 00:30 часот на подрачјето на Центар. Малолетната девојка, како што било наведено во пријавата, била физички нападната од нејзиниот партнер, кој при нападот ја удрил и со тврд предмет.

Од МВР велат дека полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: 15-годишник допирал 11-годишно девојче – со…

Сериозен случај на вознемирување на малолетно девојче…

Прегазени двајца велосипедисти

Двајца велосипедисти се здобија со тешки телесни…

Трактор сам се придвижи на бензинска во…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Влегол во стан и се обидел да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…