Бугаризација во секоја пора: Врабевски ќе ги индоктринира младите уметници

t

Во посета на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола денес беше нашиот соработник и партнер во реализацијата на најновата детска ликовна колонија во Бугарија – Претседателот на Фондацијата “Бугарска Меморија” – Милен Врабевски, пишува на Фејсбук Славчо Неделковски.

– Врабевски го посети студиото информирајќи се од прва рака за проблемите со егзистенцијата на 55 годишната организација кои ги наметна Министерството за образование и наука на Северна Македонија.

При кратката посета беше истакнато дека по учеството на ученици од приватното школо на Врабевски на “Мал Битолски Монмартр 2О22” и организацијата на “Малиот Монмартр во Пловдив 2О22” соработката преминува во трајно партнерство и јасно беше констатирано дека Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и неговиот над 4О годишен светски детски ликовен бренд “Мал Битолски Монмартр” мора да опстојат затоа што визијата и мисијата на ликовниот педагог Коста Хаџи-Антоновски се глобални вредности за цел свет.

Претседателката Хаџи-Антоновска и Претседателот на Управниот Одбор Неделковски се заблагодарија на Врабевски што во овие пресудни времиња на дело ја манифестира поддршката кон младите талентирани ликовни уметници сметајќи дека дневно политичките теми не се опција за овие ученици а пријателството со сите свои врсници од цел свет е нивна есенцијална потреба.

Беше договорена и посета на 15 ученици од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Брисел кои лично ќе се запознаат со работата на Европскиот Парламент & Европската Комисија како и Советот на Европа каде ќе бидат гости на заедницата на земји кон кои тежнее и Северна Македонија.

По состанокот тим од четири члена на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола отпатува на 23тата светска детска ликовна колонија “Евора 22” во Португалија која е под закрила на УНЕСК, пишува Неделковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ