Објавено на:

Бугарин не бил пуштен во Македонија поради историски книги, реагираше бугарското МНР

t

„Сметаме дека е неприфатливо да се забрани пристап до литература што е поврзана со личности и настани од заедничката историја на Бугарија и Република Македонија и инсистираме на итно прекинување на ваквите дејствија“. Ова го соопштиле од бугарското Министерство за надворешни работи преку соопштение објавено на веб-страницата на тамошниот ресор.

Ваквата реакција е поврзана со случај во кој, како што пишуваат бугарските медиуми, претставник на бугарската заедница во Македонија и бугарски државјанин вчера не бил пуштен на македонска територија преку преминот „Делчево“, поради десет книги кој тој ги носел со себе.

-Категорично е неприфатливо во 21 век да се сведоци на постапки со кои властите на една земја го спречуваат остварувањето на основните права за демократско општество, како што е правото на слободна комуникација и пристап до информации, соопштило бугарското МНР.

Велат дека се загрижени од фактот што „овие настани се случуваат во земја која си поставила за цел интегрирање во Европската унија и јавно ја декларира својата приврзаност кон вредностите и принципите на Унијата“.

-Треба да напоменеме дека овој необјаснив чин на граничните власти е преземен откако Бугарија постојано повикуваше темата билатерални односи да не се користи како заложник во внатрешнополитичките процеси во Македонија, додаваат од официјалната бугарска дипломатија, изразувајќи надеж дека „ова не е намерна провокација кон општествата од двете страни на границата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Муцунски на 21. Бледски стратешки форум: Во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…