Објавено на:

Бугарите во паника: 102 дојави за подметнати бомби во училишта во Бугарија

t

Во моментов има 102 пријави за експлозивни направи во училишта во регионите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија, а мејловите се речиси идентични. Нема реална опасност. Тоа денеска го изјави бугарскиот главен секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров.

Според него, вработени од Генералната дирекција Борба против организиран криминал со две партнерски служби работат на насоки за приведување лице инволвирано во заканите, а кое е надвор од територијата на Бугарија.

– Во рок од два дена работна група ќе изработи процедура што строго ќе го регулира постапувањето во вакви ситуации, изјави Тодоров и додаде дека во ниту еден случај нема закана за изборите в недела.

– Досега, 25 училишта и еден универзитет во Софија добија закани за експлозивни направи, изјави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

Вработените во Министерството за внатрешни работи на Бугарија работат на близу 400 оперативни и 270 отворени сигнали поврзани со изборниот процес, има 75 поведени предистражни постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…