Објавено на:

Бугарите денеска на избори, четврт пат во две години

t

Анкетите на јавното мислење сугерираат дека новиот парламент може да го сочинуваат осум партии, а партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот долгогодишен премиер Бојко Борисов, води со околу 25-26 отсто од гласовите.

Бугарите денеска гласаат на четвртите национални избори во помалку од две години, со мала надеж за стабилна влада поради длабоките поделби внатре во политичките елити во поглед на тоа како да се реши вкоренетата корупција.

Долготрајните политички превирања се закануваат да ги поткопаат бугарските надежи за приклучување на еврозоната во 2024 година во ек на двоцифрена инфлација и високи цени на горивата, а може да доведе и до ублажување на ставот на СОфија кон руската војна во Украина.

Гласањето почна во 7 часот утрово и варшува во 20 часот. Излезните анкети ќе бидат објавени откако ќе се затворат биралиштата, а први делумно официјални резултати се очекуваат во утринските часови во понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

,,Украина губи, а тешко е да се…

Политико известува дека моралот меѓу војниците е…

Истепан вработен во ЕВН

Во текот на вчерашниот ден во 15.00…

Вооружената формација „Вагнер“ се враќа од Африка…

Припадниците на платеничката вооружена формација „Вагнер“ ќе…

Почнува кампањата за парламентарните избори

Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска со…

Денеска се празнуваат Светите маченици Агатопод и…

Првиот беше ѓакон, а вториот чтец на…