Бугарите обвинети за шпионажа во корист на Русија во Лондон ослободени со кауција
Бугарите обвинети за шпионирање во корист на Русија се ослободени со кауција. Ова за бугарската телевизија НОВА го соопшти полициско одделение во Лондон.
Оттаму посочуваат дека всушност има пет лица уапсени на 8 февруари поради сомнение за сторено кривично дело, согласно Законот за службени тајни. Тројца од нив се Бугари. Бисер Џамбазов и Катрин Иванова живеат на иста адреса во Лондон. Третиот Бугарин – Орлин Русев е од Грејт Јармут.
Тие се товарат за поседување лажни лични документи.
Законот за службени тајни ја криминализира шпионажата со тоа што забранува одредено однесување кое се врши со цел да се наштети на безбедноста на интересите на Обединетото Кралство. .Бугарското обвинителство соопшти дека е запознаено со случајот и работи на него заедно со Агенцијата за национална безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва му се заканува на Лондон по…
Москва го предупреди британскиот владин врв за…
Британија депортира Бугари обвинети за шпионажа за…
Двајца Бугари кои беа обвинети во Велика…
Муцунски денес во работна посета на Лондон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Ја заобиколува Полска поради затегнатите односи: Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го…
Радев: Македонија треба само да ги впише…
Единственото нешто што треба да го направи…