Бугарите од Македонија бараат одземање на бугарските пасоши

t

Стотици потписи веќе собра онлајн-петиција на Фејсбук со која Бугари, членови на социјалната група „Бугари од Македонија“ бараат одземање на бугарското државјанство на лица од Македонија кои ширеле омраза кон Бугарија. Здружението ги повикува сите владини и невладини организации во Македонија да се приклучат.

Во коментарите се пишува дека треба и јавно да се објави список на сите лица од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако меѓу нив има и политичари.

„Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот!“, гласи еден од коментарите на петицијата.

https://www.facebook.com/blgarmk/posts/555759296571646

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…