Бугарите пак ќе одат на вонредни избори, овојпат заедно со европските на 9 јуни
Димитар Главчев, именуван за вршител на должноста премиер на Бугарија, денеска пред претседателот Румен Радев и парламентарните делегации од 49. Народно собрание го претстави составот на Советот на министри на земјата, јави БГНЕС.
Радев најави дека нема намера да го одолговлекува политичкиот процес и следниот вторник ќе донесе три уредби – за преодна влада, за избори за Европскиот парламент и за вонредни парламентарни избори на 9 јуни.
До понеделник „прозорецот за промени“ во составот останува отворен, иако Димитар Главчев беше дециден дека никој нема да го убеди да направи измени во номинациите.
Главчев како најтежок го дефинираше својот избор за номинација на актуелниот министер за внатрешни работи Калин Стојанов.
„Не сум направил компромис со никого, но најмногу се двоумев за Калин Стојанов. Оставката на генералниот секретар апсолутно ја наврте вагата кон Стојанов“, објасни Главчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот Стојко Стојков и…
Утре, по повод Денот на македонската револуционерна…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…