Бугарите плачат, ЕУ реагира: Унијата бара македонските власти да го осудат говорот на омраза против Бугари
Бугарија пред Советот за општи работи на ЕУ поднесе декларација за потребата од ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Македонија. Советот за „Општи прашања“ ги прифати заклучоците на бугарската страна, јави известувачот на БГНЕС.
Темата е дел од владеењето на правото и основните слободи, кои се клучен критериум за напредок во процесот на пристапување во Европската унија, се нагласува во декларацијата.
Бугарската заменик-министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, изрази сериозна загриженост за зголемениот број на напади мотивирани од омраза насочени против граѓани на Македонија со бугарски идентитет, во врска со што беше презентирана и предметната декларација.
Советот за општи работи ги прифати заклучоците на бугарската страна за политиката на проширување на ЕУ, чиј дел е и поднесената декларација.
Многу од клучните иницијативи во оваа работна програма ги одразуваат и резултатите од Конференцијата за иднината на Европа. Советот ја одобри Заедничката декларација на Советот, ЕК и ЕП за законодавните приоритети на ЕУ за 2023-2024. Лидерите на трите европски институции треба да ја потпишат Заедничката декларација на 15.12.2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…